Арафат ќе биде есхумиран во вторник

Посмртните останки на Јасер Арафат ќе бидат есхумирани во вторник, со цел, на странски експерти да им биде овозможено да утврдат од што точно починал палестинскиот лидер.

Тауфик Тирауи, поранешен палестински функционер, изјавил, дека швајцарски, француски и руски стручњаци, во вторник ќе земат примероци од остатоците на Арафат.
Тирауи, дополнил дека посмртните останки на поранешниот палестински лидер, со највисоки воени почести, ќе бидат положени во гробницата истиот ден.
Причината за смртта на јасер Арафат се истражува, откако една лабораторија во Лозана на неговите лични работи, открила траги на радиоактивен изотоп на полониум -210, што укажува дека лидерот на Палестинците, можеби бил отруен.
Арафат почина на 11.ноември 2004 година, во воена болница недалеку од Париз. Француските лекари констатирале дека тој починал од излевање на крвта во мозокот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: