Сулејман Величнествениот се разведува!

Еден од најпознатите турски актери, Халит Ергенч, познат во Македонија по улогата на Онур во Шехерезада и по улогата на Сулејман Величенствениот повторно е пред развод. Неговата сопруга, Бергузар Корел, која му беше партнерка во серијата Шехерезада, каде и се запознаа, откри дека Халит ја изневерил со нивната колешка Џансе Дере.

 

Како што пишуваат турските медиуми, познатата Шехерезада веќе неколку пати доаѓаше на сетот на снимањето на Сулејман Величенствениот, ја прекинуваше работата и правеше скандали и сцени, мислејќи дека нејзиниот сопруг ја изневерува. Откако тие гласини се смирија, во јавноста почнаа да кружат фотографии направени од снимањето на серијата на кои јасно се гледа дека Халит и Џансе поминуваат многу време заедно од кога ќе се изгаси камерата.

 

“Шехерезада” не сакаше да даде изјава, а нејзините пријателки потврдија дека нејизниот сопруг веќе неколку недели не спие во заедничкиот дом. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: