Монтоливо: Го допревме дното

Поранешниот капитен на Фиорентина изјави дека Милан бил на дното и од тоа излегол посилен.

Италијанскиот репрезентативец вели дека Милан нема од што да стравува за натпреварот со Јувентус.

„Од што да се плашиме, бевме на самото дно, го допревме и успеавме да испливаме, тоа не засили, тоа не крена на нозе“ вели Монтоливо.

„Ќе дадеме максимум од себе, одиме понатаму, имаме свои адути за дуелот против Јувентус“ додаде Монтоливо.

Берлускони го спореди со Пирло, а токму против него ќе игра на тој дуел, па останува да видиме колку е таа изјава на Берлускони реална.

Пронајдете не на следниве мрежи: