Според информациите кои ги пренесуваат англиските медиуми, неофицијално се вели дека Фалкао се договорил со Челзи, а ќе заработува двојно повеќе отколку во Атлетико Мадрид.
Наводно Фалкао сигурно ќе премине во Челзи, а неговите агенти му порачаа на Манчестер Сити дека веќе нивниот фудбалер им дал збор на Челзи.
Трансферот би можел да биде повисок од 50 милиони евра, повторно се спомнува можност да дел од трансферот да се искористи за враќање на Фернандо Торес во Атлетико. Сепак, се чини дека тимот на Атлетико Мадрид сака само пари од овој трансфер, тешко дека би биле способни да исплатуваат огромна плата на Торес.
Фалкао, според неофицијалните информации, во Челзи би заработувал околу 8 милиони евра по сезона и ќе стане еден од 15 најплатените фудбалери во светот, во Атлетико неговата плата е двојно помала.
Пронајдете не на следниве мрежи: