Ел Шарави: Победата над Јуве нема цена

Младиот напаѓач на Милан верува дека неговиот тим може да дојде до победа во дербито на колото од Италијанската Серија „А“ лига против Јувентус.

20-годишниот Ел Шарави е најсветлата точка во екипата на Милан оваа сезона, со оглед на фактот што постигна 12 голови во сите натпреварувања оваа сезона.

Миланезите оваа сезона не играат онака како што се очекува од нив, се наоѓаат на 12-тата позиција во Италијанската Серија „А“ лига и се под сите очекувања, но, Ел Шарави верува дека по триумфот над Андерлехт во Лигата на Шампионите и пласманот во нокаут фазата од Лигата на Шампионите, дека евентуална победа над Јувентус би била целосен пресврт на сезоната.

„Утре играме премногу важен натпревар, а ние имаме голема шанса да покажеме дека сме голем тим. Победата нема цена, веруваме дека можеме да ја оствариме, но свесни сме дека мораме да дадеме се од себе. Знам колку ќе им значи на навивачите доколку победиме“ изјави Ел Шарави.

Пронајдете не на следниве мрежи: