Првиот човек на екипата на Милан, Силвио Берлускони, изјави дека Манчестер Сити има план во иднина да го доведе Пеп Гвардиола.
Според зборовите на Берлускони, Манчестер Сити го спрема теренот за поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола.
„Има англиски клубови кои сакаат да го доведат Гвардиола, но „пол-позицијата“ ја држи Манчестер Сити, тоа ви го кажувам бидејќи разговарав со претставниците на клубот“ изјави Берлускони.
Берлускони не сакаше да даде одговор на прашањето на новинарите околу можната размена со Манчестер Сити, односно трампа Пато-Балотели.
Пронајдете не на следниве мрежи: