Интер со ултиматум за Снајдер

Спортскиот директор на Интер, Марко Бранк, изјави дека Весли Снајдер нема да игра се додека не одговори на понудата од клубот.

Интер му понуди на холандскиот репрезентативец Весли Снајдер нов договор, а според тоа како тој го одолговлекува продолжувањето на договорот, клубот реагираше така што му кажа дека ќе му биде оневозможено да настапува за Интер се додека не се изјасни по ова прашање.

„Моравме да извршиме некои промени во неговиот договор. На него останува да одлучи дали ќе го прифати тоа што му е понудено. Нема да игра се додека тоа не го направи“ изјави Бранк.

Снајдер нема настап за Интер уште од септември, кога се повреди на мечот со Киево.

Пронајдете не на следниве мрежи: