Англиските медиуми пренесуваат дека новиот тренер на екипата на Челзи, Рафа Бенитез, во зимскиот преоден трансфер-период ќе ги продаде Френк Лампард и Ешли Кол.
Превземањето на клупата на Челзи од страна на Бенитез само по себе имаше бурни реакции наоколу во фудбалската јавност, а изгледа дека ситуацијата нема да се смири уште некое извесно време.
Имено, Рафа Бенитез е спремен да се откаже од услугите на Френк Лампард и Ешли Кол инсистирајќи да се продадат во зимскиот преоден трансфер-период, бидејќи е решен да се сконцентрира само на млади играчи.
Нема сомневање во тоа дека Бенитез со овој потег сака да покаже дека има неприкосновен авторитет, веројатно поучен со лошото искуство во минатото, пред се Вилаш-Боаш, кој на чело на Челзи имаше силна опозиција меѓу искусните фудбалери.
Пронајдете не на следниве мрежи: