Богатите челници на Парис Сент Жермен се спремни да ги срушат рекордите кога е во прашање висината на цената на трансферот во фудбалот.
Минатите неколку месеци константно се обрнуваше големо внимание на информациите дека наводно Кристиано Роналдо е незадоволен во Мадрид, па пребогатите челници на ПСЖ се решиле да реагираат.
Во прашање е сума од 123 милиони евра, а доколку трансферот се оствари тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. Рекордот и понатаму го држи токму Роналдо, за чиј трансфер Реал Мадрид издвои 100 милиони евра да го доведе од Манчестер Јунајтед во 2009-тата година.
ПСЖ е спремен да му понуди на португалецот неделна плата во износ од 510 000 евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: