18те години со легендарните К15 оставија многу за паметење. Популарни како меѓу возрасните, така и помеѓу децата, сите знаеме од време на време да се потсетиме на старите, добри скечови кои до денес не смеат до солзи.
Многумина од нас пораснаа со нив, а веруваме дека и наредните генерации ќе можат да ги запознаат и да се смеат со легендарните Тошо, Миле и Цацко. По повод 18 годишнината од нивното постоење, редакцијата на Пулс24 им го честита нивниот роденден и им посакува уште многу успех.
Веруваме дека тие имаат уште што да ни приредат и дека сеуште можеме да се надеваме на нив да ни го разбијат ова секојдневие. К15 е всушност огледалото на македонското општество каде на оригинален начин се исмеваат со несовршеноста на македонското општество и македонскиот современ човек.
Уживајте…
Пронајдете не на следниве мрежи: