Ким Кардашијан троши три часа дневно секој ден, шминкајќи се, а месечно издвојува неверојатни 5000 долари на производи за разубавување.
Магазинот 'Клосер' пишува дека Ким секое утро се шминка 90 минути и постојано ја поправа шминката, со цел во секоја доба од денот таа да изгледа совршено. Извор кој е близок до семејството Кардашијан открива дека секој ден доаѓа професионален шминкер кој се грижи за таа да изгледа сјајно. Вечерните шминкања на Ким траат многу повеќе од три часа. Времето додека ја шминкаат Ким го користи за да среди и други обврски меѓу кои и да заспие.
'Најпрвин и нанесуваат коректор на половина од нејзиното лице, потоа крема. Следи подлога, пудра и уште еден слој на подлога. Шминкањето на нејзините очи обично трае половина час, неретко и повеќе, а на крајот следат нејзините вештачки трепки.'
Пронајдете не на следниве мрежи: