Ако успехот зависи од добриот успех, тогаш несомнено овие личности се најславни.
Иако има и такви личности кои својот славен статус го постигнаа преку нивните занимавања кои по својата природа автоматски ги става под окото на јавноста, сепак најважно е дека и на светската но и на сцената во регионот успеваат само оние кои покрај својот талент имаат и добар изглед.
Со години популаризацијата од страна на жолтиот печат е кон оние кои освен секси тело и убави црти немаат ништо повеќе. Сепак на тој начин и тие личности се прославија и го осигураа својот изглед. Ако на вас не ви е доста од нив и за сите нивни не толку важни вести на дневна база, сега ви нудиме прилика да се присетите на сите нив на едно место.
Парис Хилтон
Во ред, можеби не се сложуваме сите дека Парис е претерано згодна, но вистина е дека таа го започна овој популарен жанр на 'славни затоа што можам'. Сепак на неа и помогна нејзиното име, наследство и големото богатство, а во медиумите таа најчесто се појавува покажувајќи разни делови од нејзиното тело во разни позиции.
Кети Прајс односно Џордан
Британската старлета се прослави со своите гради и голи фотографии, а воедно е и пионирка кога станува збор за славните силикони од Обединетото Кралство. Во неколку наврати таа ги зголемуваше своите гради и ги намалуваше, беше на липосукција и зголемување на усните, а токму тоа ја направи неа позната. После тоа таа се појави во повеќе од 10 реални шоуа, напиша 4 автобиографии и неколку детски книги. Има линија за долна облека и сопствен парфем. Нејзината најславна изјава е:'Некои луѓе се познати затоа што го измислија пенкалото, но јас сум позната по своите гради.'
Нивес Целзиус
Од оваа листа не може да се изостави една од најпопуларните старлети во регионов. Таа е мајка на две деца, а се прослави со нејзинот изглед и скандали, а сето тоа успеа да допре и надвор од границите на Хрватска. Таа неколку пати се обиде да се пронајде во пеачките води, напиша две книги, но сепак сите знаеме која е причината за нејзината слава.
Ана Курникова
Ако се изненадивте кога го видовте името на оваа тенисерка, тогаш размислете уште еднаш. Имено оваа убавица, својата светска слава ја стекна само благодарение на нејзиниот изглед. Се разбира и нејзината љубовна романса со Енрике Инглезијас. Сите знаеме дека нејзината тениска кариера и не беше толку многу успешна.
Никол 'Коко' Остин
Ако некој се прослави исклучиво благодарение на својот задник, тогаш тоа дефинитивно е Коко. Сопругата на раперот Ајс-ти во меѓувреме со својот сакан доби и свое реално шоу, па сега може да се каже дека успеала се во својата кариера. Сепак што и да направи таа ќе остане засекогаш запаметена со голите фотографии која таа редовно ги објавуваше на социјалните мрежи.
Кејт Аптон
Се разбира дека таа е манекенка и модел. Но признајте дека постојат многу манекенки за кои не сте слушнале. Треба да признаете и дека славата на Кејт Аптон се должи на потполно поинакво ниво од нејзините колешки. За да ги досегне тие нивоа, се знае што требаше таа да направи. Впрочем по што вие ја познавате Кејт?
Кели Брук
Кели Брук изгледа навистина предобро за да не биде славна. Но знаете ли вие што всушност таа работи? Дали е актерка? Модел? Реалити ѕвезда? Што и да е, едно е сигурно: секоја година таа позира за календар кои милиони мажи го поседуваат. Ах да, таа сега има и своја модна линија…
Ким Кардашијан
Ким Кардашијан…тешко е овде да напишеме нешто што веќе не знаете, но ако постои ваков попис тогаш таа неминовно е да се наброи. Се разбира дека неа ја прослави нејзиниот изглед. Горниот и долниот атрибут. И секс снимката. Останатото е историја…вредна милиони долари.
Пронајдете не на следниве мрежи: