Најбесмислената градба на светот

Необичниот челичен “Круг на Животот” е изграден во Кина, поточно во градот Фушун. Меѓутоа, се чини дека се работи за градба која нема никаков смисол. 

Според списанието “Bild”, големиот круг не се врти, нема кабини во кои туристите би можеле да седат… Овој челичен монструм е висок 157 метри, а се наоѓа во трговскиот кварт на Фушун, на североистокот на Кина. Нејзиниот архитект Џиа Хуан Ченг ја дизајнирал и големата ТВ Кула во Шангај. “Кругот на Животот” е изграден од околу 3.500 тони железо и челик. Четири лифтови треба да ги возат посетителите до самиот врв, кој е висок колку педесеткатница. Меѓутоа, погледот од врвот на недовршениот облакодер не е воопшто магичен. 

На врвот била планирана платформа за банџи скокови, но таа идеја е отфрлена поради безбедносни причини. Ова значи дека градбата нема никаква практична употреба. Симболично, овој круг го претставува патот до рајот. 

Противниците на овој проект особено ги критикуваат големите трошоци. Целата градба чинела неверојатни 12.5 милиони евра. 

Пронајдете не на следниве мрежи: