Во натпревар од 13-тото коло од турската фудбалска лига, Галатасарај победи на гости кај последнопласираниот Елазигспор со 0:1, па се задржа на првото место на табелата.
За освојувањето на инаку очекуваните три бодови сосема е заслужен бразилскиот фудбалер Фелипе Мело. Не затоа што постигнал гол, туку затоа што одбрани пенал во 90-тата минута.
Поради прекршок во сопствениот шеснаесетник, голманот на Галатасарај, Уругваецот Муслера, направи пенал, а со тоа заработи и црвен картон. Бидејќи гостинската екипа во тој момент ги имаше искористено сите 3 замени, некој од играчите требаше да ја превземе одговорноста, да земе ракавици и да застане на голот. Тоа го направи Фелипе Мело и одлично го одбрани ударот на Туркдоган.
Пронајдете не на следниве мрежи: