Колку и да звучи бизарно, овие денови во Србија, поточно во Зарожје и околината, луѓето не спијат мирно поради страв од легендарниот вампир Сава Савановиќ.
Имено, се срушила воденицата во која Савановиќ некогаш живеел, па луѓето се плашат дека тоа би можело да го разбуди вампирот и тој да се врати меѓу живите.
“Вампири постојат, секој го знае тоа! Тие талкаат од место на место, бараат нови жртви. Тешко нас ако Сава се врати!” – изјавил одборникот од селото Зарожје, Миодраг Вујетиќ, кој ги припрема селаните за евентуална одбрана од крвожедниот Савановиќ.
Тој им препорачува на луѓето да стават бел лук на своите прагови, како и да постават крстови на своите ѕидови по секоја цена.
Да потсетиме, Сава Савановиќ бил инспирација на српскиот книжевник Милован Глишиќ за делото “После 90 години”, според кое подоцна Ѓорѓе Кадијевиќ го снимил прочуениот хорор филм “Молец”.
Интересно, иако воденицата работела се до доцните педесетти години на минатиот век, а привлекувала и многу љубопитни луѓе, локалните власти никогаш не се решиле од истата да направат туристичка атракција.