“Gangnam Style” стана најгледаното видео во историјата на YouTube

Џастин Бибер сепак не е единствен. 

Јужнокорејскиот рапер Psy го завзема првото место по гледаност на YouTube откако неговиот заразен хит “Gangnam Style” го превзема врвот од хитот на Бибер “Baby”. 

На видеото за “Gangnam Style” денес има околу 814.000.000 посети, откако тоа беше поставено во јули оваа година. Во меѓувреме, видеото за песната “Baby” на Бибер има околу 804.000.000 посети, а беше објавено во февруари 2010 година. 

“#Gangnam Style штотуку стана најгледаното видео во историјата на @YouTube” – напиша Psy на својот профил на Tвитер. 

Psy ова лето стана светска ѕвезда откако го лансираше овој хит, па имаше настапи со добро познати имиња како Мадона на Американските Музички Награди 2012. 

Иронично, Psy и Џастин Бибер се претставници на истата продукциска куќа од овој Септември, откако Psy потпиша за “Schoolboy Records”. 

Пронајдете не на следниве мрежи: