Златан Ибрахимовиќ се огради од превземање на капитенската лента на ПСЖ откако изјави дека клубот треба да бара фудбалер што ќе има долгорочна врска со тимот за таа улога.
Напаѓачот има поминато низ многу клубови во текот на својата кариера, па навести дека неговото време во Париз би можело да заврши во 2015 година, кога неговиот договор истекува.
“Со мене секогаш знаете што добивате. Ваков сум со години, кога клубовите ме купуваат тие знаат точно што ќе добијат” – вели Ибра за “Le Parisien”
“Што се однесува до капитенската лента, не. Капитен треба да биде фудбалер за иднината, човек кој ќе биде овде многу години. Јас имам само тригодишен договор.”
Ибра потоа изјави дека се надева дека кризата во која се наоѓаше ПСЖ не е завршена со победата над Трој од 4:0 овој викенд.
“Дали е ова крајот на кризата? Не. Добро е да се биде во криза, тогаш се пружа најдобрата игра. Мислам дека беше важно да победиме денес откако го загубивме претходниот натпревар. Сакаме да испратиме порака до сите.”
Откако стана член на ПСЖ ова лето, Ибрахимовиќ има постигнато 14 голови во сите натпреварувања.
Пронајдете не на следниве мрежи: