ПСЖ објави дека пристигнува Ешли Кол – па се предомисли

ПСЖ избриша твит на својот официјален Твитер профил каде првично потврди дека Ешли Кол ова лето ќе го облече дресот на клубот од Париз. 

На Твитер профилот на ПСЖ пишуваше: “Angleterre Ashley Cole arrière gauche sera un joueur Rouge et Bleu cet ête”, односно “Англискиот лев бек Ешли Кол ќе стане црвено-син фудбалер ова лето.”

Договорот на Ешли Кол со Сините од Лондон истекува на крајот на оваа сезона, па поради тоа неговата иднина секојдневно се доведува во прашање со оглед на ситуацијата во Челзи. 

Новиот тренер на Челзи, Рафа Бенитез, изјави на својата прва прес-конференција за клубот дека не очекува Кол, како и Франк Лампард да бидат членови на клубот наредната сезона. 

“Јас ги немам сите информации, па не би било фер од моја страна да зборувам за тоа. Јас сум овде само за 7 месеци, не очекувајте моето влијание за тој период да одекне во наредните две или три години. Но, мислам дека во моментот работите се планирани така – Кол и Лампард ќе си одат од Челзи.”

Пронајдете не на следниве мрежи: