Кога раскинувањето е единствената опција

Ако се сомневате дека на вашиот брак или врска им се ближи крајот, најтешкиот чекор е да си признаете себеси и на партнерот дека прекинувањето е единствената опција…Колку и да сте свесни дека ако останете заедно можете себеси да си предизвикате само повеќе тага и вознемиреност, на луѓето им е тешко да прифатат дека нивната врска не може да опстане.

 

Важно е да ги препознаете знаците кои укажуваат дека е време да се прекине врската/бракот и да си објасните себеси дека, иако тоа ќе биде болно, тоа е всушност најбезболната опција, бидејќи колку повеќе време оставите да помине, толку ќе ви биде потешко да го направите првиот чекор.

Ако забележите дека веќе не разговарате со вашиот партнер за сè, како некогаш, туку дека теми за разговор ви се временските услови или настани кои ќе ги слушнете во вестите, не постои сомнеж дека вашата врска е завршена. Лошата комуникација е најдобар доказ за тоа.

Исто така, добар начин да дознаете дека ниту вие ниту тој веќе не е среќен во врската, е доколку избегнувате да поминете повеќе време заедно, како и ако двајцата сте го изгубиле интересот за секс.

Бидете искрени со себе и ако покрај се не можете да замислите да живеете без вашиот партнер, зборувајте со него и обидете се да разберете што сакате обајцата.

Пронајдете не на следниве мрежи: