Роналдо: Убаво е кога ќе го видам Ферги

Кристиано Роналдо ги разби шпекулациите во медиумите со можното враќање во екипата на Манчестер Јунајтед.

Реал во минатата недела гостуваше во Манчестер, каде во претпоследното коло од Лигата на Шампионите одигра нерешено на гостински терен со Сити со резултат 1-1. Роналдо се сретна со поранешниот тренер, но, како што тврди португалецот, немало разговор околу можно враќање во тимот на Манчестер Јунајтед.

„Се сретнав со Фергусон на денот на натпреварот. Дојде во нашиот хотел да разговара со Мурињо, секако дека разговаравме. Ние сме во контакт, и секогаш е убаво кога се гледаме“ изјави Роналдо.

Пронајдете не на следниве мрежи: