Златан Ибрахимовиќ, швеѓанецот во редовите на екипата на Париз Сент Жермен изјави дека не сака да биде капитен на оваа екипа бидејќи таа улога е наменета за оние кои остануваат во клубот на долга стаза, а тој има договор до 2015 година до кога планира да остане во клубот.
Златан Ибрахимовиќ ни половина година не помина во екипата на ПСЖ, а сепак почна да најавува дека по истекот на договорот ќе го напушти клубот.
„Сите знаат што може да се очекува од мене, клубот знае што може да добие од мене кога ќе вложи во мене, со оглед на годините секако. Не сум за капитен, капитенот мора да биде играч кој планира на долгорочно останување во клубот а јас имам договор на само три години“ изјави Ибрахимовиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.