Тренерот на екипата на Манчестер Сити, Роберто Манчини, потенцира дека имал прилика да во својот клуб го доведе Фернандо Торес, пред трансферот да го реализира Челзи.
Италијанецот на клупата на англискиот шампион откри дека пред 22 месеци имал прилика да во клубот го доведе Фернандо Торес.
Сепак, во јануари во 2011-тата година, кога бил во потрага за напаѓач, Манчинисе одлучил за Един Џеко.
На крајот, Манчини потенцира дека Един Џеко е играч кој поседува одредени квалитети кои ги нема Торес, како и дека во одлуката да не тргне во поход за потписот на Торес бидејќи голема улога играла високата цена.
„Пред две години имавме прилика. Сепак, се одлучивме за друг играч пред се поради високата цена. Беа околу четири или пет играчи со кои разговаравме“ изјави Манчини.
„Во тој момент го одбравме Џеко бидејќи тој е одличен во скок-играта и е премногу различен од Торес“ изјави Манчини.
Пронајдете не на следниве мрежи: