Пјанич: Не ја напуштам Рома

Босанецот Миралем Пјанич потенцира дека е свесен поради големиот интерес од Тотенхем, но тој е задоволен во тимот од Рим.

Талентираниот 22-годишен фудбалер од средниот ред на екипата на Рома, Миралем Пјанич, оваа сезона прикажува одлични партии за Рома, каде забележа 7 настапи и постигна 2 гола.

Неговите одлични партии не останаа незабележани, па во последно време се повеќе и повеќе се зголемуваат шпекулациите дека босанецот наводно би заминал во англискиот премиерлигаш Тотенхем, но Миралем Пјанич демантира, вели дека е задоволен во Рома.

„Свесен сум дека Тотенхем е заинтересиран за мене, но не сакам да ја напуштам Рома. Клубот беше јасен, договорот ми истекува за три години и без никакво сомнение велам дека ќе останам тука“ вели Пјанич.

Пронајдете не на следниве мрежи: