Врховниот суд на Косово во саботата доцна навечер објави дека донел одлука за едномесечен притвор за четири лица обвинети за воени злосторства во случајот „Клечка“ сторени на Косово во текот на војната со српските безбедносни сили 1999 година.
Меѓу овие лица е и Фатмир Лимај, пратеник во косовскиот парламент, еден од водечките команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК – УЧК), поранешен министер за транспорт и телекомуникации и близок соработник и потпретседател на Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи.
Заедно со Лимај 30 дневен притвор им е одреден и на уште тројца негово соборци од ОВК, Неџми Красниќи, Насе Шаља и Насер Красниќи.
Претходно седмицава Еулекс повторно го отвори случајот „Клечка“, место во централниот дел на Косово каде постојат сомневања дека припадниците на ОВК извршиле воени злосторства, откако добил нови докази од дневникот на личноста „Сведокот Икс“, сега покојниот Агим Зогај.
Ослободителната пресуда За Лимај му беше изречена откако клучниот сведок поранешен затворски чувар, се убил минатата година во Германија. Судот одлучил дека писмената изјава на чуварот Агим Зогај, познат во тоа време како Сведокот Икс, е неприфатливо Меѓутоа, Врховниот суд во вторникот ја поништи таа одлука и наредил ново судење. Судот кој го сочинуваат судии од Косово и од мисијата на Европската унија – Еулекс, ја поништи провостепената пресуда.
Лимај е обвинет дека заедно со група соработници е одговорен за убиство на цивили и воени затвореници во притворскиот центар во местото Клечка кој го држела ОВК:
Минатата седмица Врховниот суд на Косово ја поништи одлуката на првостепениот суд со кое е сопрено кривичното гонење на Лимај и четворицата негови соработници поради воено злосторство во Клечка. ПРедметот е вратен повторно на судење во Окружниот суд во Приштина.
Адвокатите на обвинетите оценија во нивните први изјави дека одлуката на судот правно е неоснована, како и дека е поврзана токму со завршената посета на шефот на Еулекс, Ксавиер де Марнак на Белград и дек станува збор за политичка одлука.
Во мај 2012 година Фатмир Лимај беше ослободен од обвиненијата дека наредил убиство на два српски заробеника, а дека третиот го измачувал во селото Клечка во централно Косово. Лимај, познат под прекарот Челик, е ослободен во 2005 година од слични обвиненија пред Меѓународниот суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна Југославија, по што на Косово беше пречекан како херој.
Инаку специјалниот обвинител на Еулекс на специјалното обвинителство на Косово минатиот петок, на 16-ти ноември, покрена обвинение против поранешниот министер за транспорт и комуникации Фатмир Лимај и шест функционери од тоа министерство кои се обвинети за корупција. Oбвинението е подигнато по повеќе од две години, откако службениците на Еулекс го блокираа косовското министерство за транспорт и комуникации барајќи докази за кривични дела. Делата за кои се обвинети Лимај и неговите поранешни шестмина подредени се случиле во периодот меѓу 2008 година кога Косово прогласи независност и 2010 години, а перењето за што исто така се обвинети се случило меѓу 2009 и 2012 година.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: