Компјутерот Apple-1 продаден на аукција за 400 илјади евра

Еден од првите компјутери на американскиот технолошки гигант Apple – моделот Apple-1 од 1976 година е продаден на аукција во германскиот град Келн, за рекорден износ од 400 илјади евра, јави во неделата телевизискиот канал Euronews.

Купувачот на овој технолошки антиквитет, која на наддавањето учествувал преку интернет, сакал да остане анонимен. Овој компјутер е особено ценет кај колекционерите, бидејќи сé уште е во добра работна состојба и со мал монитор. Вкупно биле продадени околу 200 парчиња од моделот Apple-1.
Гломазен според денешните стандарди, моделот Apple-1 е создаден во 1976 година од страна на Стив Возниак, ко-основачот на Apple. Првично, уредот бил опремен со процесор со фреквенција од 1 MHz, 4 килобајти оперативна меморија и со можност за проширување до 48 КВ, но без монитор, блок за напојување со електрична енергија, па дури и без куќиште. Цената за овој апарат своевремено наречен „дете на напредокот“ се движела меѓу 500 и 666 долари.
На истата аукција во Келн бил понуден и ткн „составениот компјутерски систем“, предводникот на комерцијалните модели на Стив Џобс, и потоа модернизиран во надградениот модел Apple II, кој е лансиран во 1977 година, од кој се продадени милиони парчиња.
Пред неколку месеци на наддавањето на аукциската куќа Sotheby's, ист компјутер беше продаден за 374.500 долари. Во октомври 2012 година, на аукција на другата водечка светска аукциска куќа Christie's, примерок од Apple-1 не најде купец.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: