Ролинг Стоунс и после 50 години ја воодушевија публиката

Со настапот во лондонската О2 арена во Лондон, Ролинг Стоунс по пет годишна пауза повторно застанаа на сцена, и со тоа ја почнаа мини турнејата со која ќе ги обележат 50 години нивно постоење.

Настапот се одржа пред 20 илјади фанови, а на сцената, покрај сегашните членови на бендот, Мик Џегер, Кит Ричардс, Руни Вуди и Чарли Ватс, се појавија и луѓето кои некогаш беа дел од Стоунси како Бил Виман и Мик Тајлор. Покрај старите членови на бендот, настапија и Мери Џ Блајџ и Џеф Блек. На 29 ноември, стоунси повторно ќе настапт во О2 арената во Лондон, а потоа ги чекаат три концерти низ САД.

 

Во целата еуфорија околу настапот, Џегер го изјави следново на сцената: “Неверојатно е што се уште доаѓате да не гледате… Бескрајно сме благодарни на тоа!”

 

Пронајдете не на следниве мрежи: