Годината 2012 полека заминува во историјата, па сега е вистинскиот момент да погледнеме наназад на научните достигнувања кои ја обележаа. Секое од нив има потенцијал да го промени светот во кој живееме.
1. Нови животни форми
Уште пред неколку години целата планета “пливаше” во човечки геном, но оваа година во прв план избија новите молекули наречени XNA (ксенонуклеинска киселина), кои на научниците им овозможуваат создавање на нови животни форми, на кои не им е потребна ДНК за опстанок и развој.
2. Пена за проблеми со дишењето
Само неколку минути без кислород, и човечкиот живот може сосема да згасне. Новата пена, со меурчиња со кислород под поголем притисок од оној во крвта, би можела да игра голема улога кога некому наредните 15 минути живот му менуваат се. Наместо стандардните методи на интубација, пената во огранизмот се внесува во вид на инекција.
3. Вода прочистена со масло
Лекар вработен во општа болница во Масачусетс пронашол начин како со малку пари да ги прочисти отпадните води – со масло од соја.
Ова масло би делувало како растворувач, односно при повисоки температури за себе би ја врзувало водата, а би останувале нечистотиите. После отстранувањето на контаминирачките состојки, прочистената вода би се добила со едноставно ладење и раздвојување на молекулите на водата од оние на маслото.
4. Рано лечење на Алцхајмеровата болест
Повеќе од стотина експериментални лекови не успеаа да го запрат развојот на оваа опасна болест. Но, научниците сега веруваат дека решението лежи во превенцијата, па сега работат на препарат кој би го отстранувал протеинот за кој се верува дека е главниот предизвикувач на болеста.
5. Секвенцирање на геномите кај фетусите
Станува збор за нова неинванзивна постапка т.н. генетски “screening” со која во најраните епизоди од животот би можеле да се откријат разни пореметувања, а со помош на истата, третманот за болестите би можел да почнува многу порано од што е тоа случај со досегашните методи.
6. Мобилните телефони како рудници на информации
Преку нив денес може да се лоцира корисникот, да се открие кој со кого најчесто разговара, колку време се троши на разговори итн… Научниците се обидуваат да дознаат како да ги искористат сите тие податоци, пред се на полето на маркетинг. Неодамна заклучиле дека на огласи на интернет прв ќе кликне човек кој бил да гледа филм во кино, па по него семејниот човек кој во недела претпладне пие кафе во својата дневна соба итн. Можете да замислите до какви детали може да се оди во откривањето на нашите навики и интереси.
7. Пејсмејкери кои работат на шеќер
Збогум на батериите, поздрав на шеќерот! На тоа би можела да се сведе идејата која настанала уште во 2003 година, а која експериментално се примени оваа година. Пејсмејкерите, пумпите за инсулин и останатите медицински помагала во иднината би можеле да црпат енергија од човечкото тело, т.е. од шеќерот. Екипа на истражувачи на MIT смислила интегриран круг на силициски чип кој од цереброспиналната течност богата со гликоза би “влечел” енергија за напојување на малите медицински помагала.
8. Електронска тетоважа
Станува збор за ултра-тенки флексибилни сензори кои би можеле да ја украсуваат не само човечката кожа, туку и разни амбалажи, торби и слично. За оваа новост е заинтересирана и американската војска, која размислува за вградување на сензори во униформите. Научниците дури сметаат дека не е невозможно некогаш во иднината човечкото срце да биде обвиткано во посебна футрола која би ја исправувала неговата работа праќајќи му електронски импулси.
Пронајдете не на следниве мрежи: