Футрола за телефон од неверојатни 200.000 евра

За оние кои сакаат “ајфон” поскап од луксузна куќа, дизајнерите на компанијата Unique, креираа футрола од 18 карато злато, дијаманти и кожа, чија цена е неверојатни 200.000 евра.

Економската криза никако да пројде, но тоа не ги спречува дизајнерите да креираат луксузни предмети наменети за оние со многу длабок џеб. Па така дизајнерите од оваа лондонска компанија ја креира оваа кожна футрола за мобилен телефон која е украсена со 18 каратно црвено злато и со ретки бели и розеви дијаманти. Цената е навистина “ситница”. Оваа футрола ја рекламира познатата актерка Миша Братон која и самата има дизјанирано неколку модели за компанијата Unique. 

Доколку не можете да си дозволите да платите 200.000 евра за мобилен телефон, можете да добиете оригинална копија од истата компанија која чини од 40 до 700 евра. На располагање ви стои и златен ајфон, во случај да не сакате ваква заштита за вашиот телефон. Златниот ајфон чини вртоглави 20.000 евра, но сепак е 10 пати поефтин од самата футрола.

Пронајдете не на следниве мрежи: