Како можете да ја освоите Ава Карабатиќ

Неверојатната хрватска старлета Ава Карабатиќ, која и е позната на македонската јавност по учеството во реалното шоу “Преживеан”, и откри на јавноста што бара од мажите во нејзиниот живот.

Таа даде детална идеја за тоа како го замислува совршениот маж.

Момци, читајте внимателно, бидејќи Ава е сингл: “На првиот состанок не треба да се зборува, само да се бакнуваме, гушкаме и милуваме. Кога бев помлада, ги прашував оние момци што ми се допаѓаа кој ја напишал книгата Злосторство и казна, ако сакаа да одиме на втор состанок. Веќе не ми е толку важно дали тој знае се што пишува во една енцикопедија или пак дали пишува кирилица или латиница, туку важно ми е да постои некоја хемија и некоја добра вибрација помеѓу нас. Исто така, многу ми е важно да има големо срце но и барем “две чисти” во главата.” – изјави слатката Ава Карабатиќ. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: