Фетел: Најтешка трка во кариерата

Најмладиот трикратен шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, изјави дека трката во Бразил, била најтешката во неговата кариера.

Младиот возач на Ред Бул, во првиот свиок, по стартот на трката, од четвртото падна на седмото место, а набрзо по контактот со Бруно Сена, во третиот свиок, во кој го оштети својот болид, падна на последното место.
Сепак, до крајот на трката, која се одвиваше во тешки и променливи услови, Фетел успеа низ целата да мине како шестопласиран и по втор пат да ја одбрани титулата светски првак.
„Беше ова неверојатна трка. Дадоа се од себе за да ни ја отежнат работата. Внатре во возилото кога ќе свртите за 180 степени без никава причина, не се чувствувате најпријатно. Имав среќа што тогаш никој не удри во мене“, изјавил Фетел.
Младиот Германец истакнал дека тој и неговиот тим Ред Бул, покажале голема храброст во Бразил.
„Мислам дека ова беше најтешката трка, што некогаш сме ја имале, но без оглед на се верувавме и останавме присебни. Многумина се користеа со валкани трикови, работи кои се надвор од нашите лимити. Дадовме се од себе до самиот крај“, истакнал Фетел. Светскиот првак, исто така нагласи дека со своето возење во тешки услови, на сите кои не верувале во него им го покажал спротивното.
„Овој викенд многумина се обидуваа да не испровоцираат со своите изјави дека ќе имаме проблеми доколку врне дожд. Мислам дека покажавме дека знаеме да се тркаме и во такви услови, на оваа трка дождот ни помогна, по само 20 кругови јас без петти веднаш зад Алонсо“.
Фетел со третата титула во низа се најде во друштво заедно со Хуан Мануел Фанџо и Михаел Шумахер, покрај овие двајца возачи повеќе титули од Фетел има само Алан прост, додека по три пати светски шампиони биле Џек Бребам, Џеки Стјуарт, Ники Лауда, Нелсон Пике и Аиртон Сена.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: