Мајка на пет деца од Русија, одлучила телото на својот мртов сопруг да го чува додека не воскресне. Жената која го направила тоа е припадник на христијанското движење пентекосталаца, лешот на својот сопруг го чувала во една од собите во нејзиниот дом.
Жената била толку многу вознемирена од смртта на нејзиниот сопруг и затоа решила да го зачува додека тој не воскресне.
Истрагата е покрената откако во јули е пронајдено тело во пластична вреќа во фаза на распаѓање.
Истражните органи наведуваат дека жената го ставила телото на кревет во една од собите и барала од нејзините деца да му зборат и да го хранат. Меѓутоа, две од петте деца одлучиле да се ослободат од телото кога семејството се преселило.
Две девојчиња, кои се најстари од нејзините деца, го спакувале телото во кеса за ѓубре и се обиделе да го стават во гаражата, но бидејќи телото веќе било во фазата на распаѓање, делови од телото почнале да испаѓаат од кесата.
Бидејќи не можеле ништо да направат, тие решиле да ја повикаат полицијата и конечно да го расветлат случајот.
После увидот, мајката е одведена во клиника за ментално заболени, а децата после терапијата наменета за нивно подобрување од оваа трауматична ситуација ќе бидат дадени на посвојување.
извор: www.telegraf.rs
Пронајдете не на следниве мрежи: