Роби Вилијамс се фотографираше со задникот на својот фан

Воодушевувајќи се од тетоважата посветена за него и направена на задникот од непознат млад дечко, Роби Вилијамс не ја пропушти приликата да се фотографира со истоимената.

Ѕвездата инсистирала да се фотографира покрај задникот на еден од неговите фанови, кој бил со спуштени панталони се со цел да се види тетоважата со натпис “Те сакам Роби Вилијамс”, пришто истата фотографија по неколку минути ја објавил и на својот Твитер профил.

Сепак ваквата постапка и не би требало да не зачуди со оглед на огромната страст и пасија на пејачот со тетоважи, при што и самиот тој има 15 тетоважи на своето тело, притоа неодамна изјавувајќи дека неговата наредна тетоважа би било она нешто што ќе му го нацрта на телото неговата мала ќеркичка.

Пронајдете не на следниве мрежи: