Зборови кои го ”зачинуваат” сексот

Кога размислуваме за тоа што го прави сексот добар многумина веднаш ќе помислат – начинот на меѓусебното допирање, позите кои се применуваат, фокусирањето на одреден дел од телото.

 

Но, има и уште нешто што многу малку се спомнува…Малку се зборува токму за зборувањето. Изговорените зборови можат многу „да го зачинат“ интимниот чин.

Она што го кажуваме и го слушаме за време на сексот, а е од еротски карактер го поттикнува лачењето на допамин, хормон кој игра голема улога во сексуалното возбудување.

 

Зборовите можат да го зголемат емотивниот и физичкиот интензитет на чувствата. Но, што да се каже за време на сексот, а да не звучи глупаво?

Повеќето жени, но и мажи не се сигурни што треба да кажат за ефектот да биде позитивен. За да им олесни и на едните и на другите, како и секогаш, превентус.мк ги има одговорите.

За негово задоволство

„Ќе свршам“. Толку едноставна, а толку јака изјава! Мажите едноставно полудуваат кога ќе го чујат ова. Тоа им дава потврда дека се одлични во креветот, а за нив нема подобра пофалба од тоа. Да му кажете на мажот дека сте близу до оргазам е најдоброто нешто што можете да го кажете за време на секс. Тоа е доказ и за вашето задоволство. Освен тоа, ако се земе предвид дека повеќето мажи најчесто свршуваат пред партнерката или се воздржуваат чекајќи ја и неа, таа изјава е повик за заеднички климакс на задоволство.

За нејзино задоволство

Од друга страна, жените сакаат кога партнерот ќе им каже „ми се допаѓа како (активност) мојот (дел од телото)“. На пример, ми се допаѓа како го бакнуваш мојот врат, ми се допаѓа како си играш со мојот пенис. Кога некоја активност ќе се вербализира и се дава уште поголемо значење, па уживањето е поинтенизивно. Ваквите изјави им помагаат на партнерите уште повеќе да уживаат во моментот, но и да се запознаат подобро.

Пронајдете не на следниве мрежи: