Продава упатства за хакирање на e-mail адреси од Yahoo

Египетскиот хакер “TheHell” пронашол сигурносен пропуст кој може да се искористи за пристап на профилите на корисниците на Yahoo mail, па тие информации одлучил да ги продаде на хакерски форум. 

Тој на форумот објавил оглас во кој вели дека цената за ваквите информации обично се движи од 1.000 до 1.500 долари, но тој на корисниците им излегол во пресрет ги понудил податоците за “само” 700 долари. 

Сигурносниот експерт Брајан Кребс, кој го нашол хакерскиот оглас на тој форум, вели дека користејќи го овој пропуст хакерите би можеле да читаат или да праќаат мејлови во име на корисниците на Yahoo, па решил да ги извести луѓето од Yahoo за тие да поработат на проблемот. 

Во огласот кој го објавил, “TheHell” напоменал дека овие информации ќе ги продаде само на луѓе на кои им верува, затоа што не сака да паднат во несигурни раце.

Пронајдете не на следниве мрежи: