Секоја од девојките има барем една пријателка за која може да се каже дека е лична Опра Винфри бидејќи таа го советува девојките за се, за посебно внимание, излегувањата, искуствата и воопшто врските.Таа често ги цитира правилата за состаноци.
Додека некои од нив се актуелни, други се доста застарени. ''Dating rules'', односно Светите правила кои се омилена тема на секоја ''женска серија'', а несомнено тие станаа планетарно познати од серијата ''Сексот и градот''.
Во продолжение ве потсетуваме на некои од нив…
1. Допуштете му да ја плати сметкта, но немојте да заборавите да понесете доволно пари со вас во случај тоа да не се случи.
2. Поставувајте му прашања, но не за поранешните девојки.
3. Можете да разговарате за работа, но немојте да претерувате со прашања за неговите финансии, не сакате да дадете впечаток на спонзоруша.
4. Ако тој те праша за твоите минати врски, изнесете ги фактите но не ги откривајте деталите.
5. Ако се се развива во најдобар ред, можете да го прифатите и вториот позив во тој момент. Но ако вашиот состанок биде во четврток, не смеете ни под разно да прифатите да се најдете во петок или сабота навечер. Можеби во сабота попладне или недела…
6. Немојте да бидете премногу духовита, машките сакаат духовити жени, но не сакаат комичарка.
7. Немојте да претерувате со храна, ако тој нарача во ваше име, тогаш тоа е најдобро.
8. Немојте да пиете премногу, во најдобар случај ќе помисли дека сте 'лесна' девојка. Во најлош случај тој потполно ќе ве откачи.
9. Немојте да спиете со него на првиот состанок. Никогаш!
10. Последно и најважно правило е: немојте да послушате ниту едно од претходно наведените правила.
Пронајдете не на следниве мрежи: