Се уриваат рекорди во предбожикна потрошувачка во САД

Продажбите за време на викендот по Денот на благодарноста, што е традиционален почеток на предбожикната потрошувачка во САД, достигна нов рекорд и најавува добра празнична сезона во амбиент на слабо економско закрепнување.

Според податоците на Националната малопродажна федерација  (NRF) потрошувачката  за време на викендот по Thanksgiving изнесуваше 59,1 милијарди долари, што е над 13 отсто повеќе во однос на минатата година.
„Тоа е феноменално“, рече директорот на NRF Метју Шеј, потсетувајќи дека проценките биле дека потрошувачката ќе се зголеми за 4,1 отсто.
На таканаречениот „црн петок“, првиот ден по Thanksgiving и прв ден на празничната шопинг грозница, забележан е пад од 1,8 отсто во класичната продажба (прометот изнесувал 11,2 милијарди долари), но затоа минусот е повеќе од надокнаден на интернет.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: