Како мажите го сокриваат неверството

Некои мажи едноставно сакаат приватност а некои имаат афери. Околу 70 проценти од мажите редовно ги бришат смс пораките од својот мобилен телефон, а две третини од нив не сакаат да ги споделат лозинките од друштвените мрежи со партнерката – откри истражувањето на BullGuard.

Со овој чин, мажите сметаат дека ја сочувуваат својата приватност. Тајните мејлови и лажните профили на социјалните мрежи најчесто им служат за допишување со поранешната девојка или со некоја личност која не ја сака партнерката. Понекогаш таинственоста е од добронамерни причини, но често причина за неа е фактот дека во животот на мажот се уште фигурираат некои стари љубовници. Дел од нив едноставно не сакаат да ја споделат моменталната финансиска состојба со партнерката.

 

Еден во дваесет мажи поседува мобилен телефон за кој неговата партнерка не знае дека постои, кој го користи за разговори и договарање средби со љубовницата. 18 проценти од мажите чувствуваат вина за нивната опседнатост со порно филмовите, па ги бришат од компјутерот кога врската ќе стане сериозна. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: