Сопственикот на Милан, Силвио Берлускони инсистира дека Масимилијано Алегри ќе остане тренер на тимот и покрај восхитот што претседателот го има за Пеп Гуардиола.
Берлускони овој викенд изјави дека неговиот клуб ќе се обиде да го привлече шпанскиот стратег на крајот на сезоната, но денес тој покажа дека има верба во неговиот сегашен тактичар.
“Гуардиола и даде живот на Барселона, која го игра најдобриот фудбал во светот во последните неколку години. Мислам дека секој би го сакал Гуардиола, но ние имаме одличен однос со Алегри, и планираме тоа да остане така. Секогаш сме имале добар личен однос со Алегри. Има секакви гласини и приказни кои не одговараат на вистината. Има три тимови во историјата кои играле навистина фантастичен фудбал: Ајакс на Кројф, Милан со тројцата холанѓани и Барселона на Пеп. Но ние ќе продолжиме со нашиот тренер.” – изјави Берлускони.
Милан има потешкотии оваа сезона, но тие полека се стабилизираат, а доказ за тоа беше и победата против Јувентус од 1:0.
“Се чини дека се поправивме во споредба со стартот на оваа сезона. Почетокот можеше да се предвиди, затоа што после 26 години, нашите најдобри фудбалери заминаа поради својата возраст. Сега Милан мора да се сконцентрира на младите фудбалери и мораме да им дадеме време да се докажат. Мораме да работиме напорно и мислам дека веќе имаме напад кој е доволно добар. Пато, Ел Шарави и Кркиќ се одлична комбинација.”
Берлускони исто така инсистираше дека клубот имал право кога го задржал Пато во клубот минатиот јануари, кој имаше шанса да потпише за ПСЖ. Замена за Пато требаше да биде Карлос Тевез, кој тогаш беше во лоши односи со Манчестер Сити.
“Мислам дека не погрешивме што го задржавме Пато. Лично, никогаш не ми се допаѓал Тевез, а освен тоа, нашиот план секогаш беше да започнеме со млади фудбалери.”
Берлускони даде решителен демант за опцијата Весли Снајдер да потпише за Милан ако евентуално реши да го напушти Интер во јануари.
Пронајдете не на следниве мрежи: