Бродот на Амундсен се враќа во Норвешка

Бродот на норвешкиот истражувач  Роалд Амундсен, `Мод`, што со години лежеше заборавен во канадскиот арктички мраз, ќе биде спасен и кон средината на 2013 година, ќе биде вратен во Норвешка.

Норвешката група која планира враќање најстариот брод во земјата каде ќе биде централен експонат во новиот музеј, допатува во канада да го сними и да го фотографира искршениот брод заробен во мразот во заливот Кембриџ, пренесува AFP.
Јан Вангард од групата вели дека локалните жители собрале се што може од бродот и го препуштиле на  забот на времето, непогодите, но токму ледените температури помогнале `Мод` да се зачува.
„Дабовото дрво од кое е направен `Мод` е во извонредна состојба“, вели тој.
Тим на документаристи планира да се втабори на мразот и да му пристапи на бродот под мразот за да го документираат стариот брод во неговиот вистински елемент,  заринкан во плитките води на заливот кембриџ.
„Само тоа што сум овде во текот на зимата, со температури од минус 30 степени Целзиусови, ме прави да се чувствувам поблизок до бродот и неговата историја, отколку во двата месеци летни истражувања“, вели Вангард.
„Впечатокот што го остава на мене погледот на бродот што во челичен стисок го држи мразот, ме прави мотивен и полн со почит кон бродот и неговата историја“, додава тој.
Амундсен во 1906 година стана првиот Европеец кој помина низ Северозападниот премин во потрага по кус пат меѓу Европа и Азија.
Пет години подоцна, беше и првиот човек кој стигнал до Јужниот пол. Неговите обиди да стигне до Северниот пол беа неуспешни.
Бродот `Мод` наречен така по норвешката кралица Мод  изграден е во Аскер, Норвешка. Бродот е продаден на копанијата `Хадсон беј` 1925 година и прекрстен во `Бејмонд`. Кариерата ја завршува како плутачки магацин и прва локална радио станица, пред да потоне во 1930 година.
Градските татковци на Аскер го купија бродот во 1999 година за еден долар.
Населението на заливот Кембриџ се противело на иселувањето на бродот, но канадските официјални служби одобрија префрлање на бродот во март годинава.

Пронајдете не на следниве мрежи: