Првите прецизни снимки: Како настануваат грмотевиците

Научникот Тим Самарс се надева дека благодарение на фотографиите на кои се гледа настанувањето на грмотевиците ќе успее да ја открие тајната која одредува каква форма ќе има молњата. 

Најбрзите камери на светот можат да забележат илјадници слики во секунда. Камерата на Тим бележи и до милион слики во секунда, и токму со таа камера Самарс сака да ја постигне својата цел. 

Задачата на овие научници е тешка, затоа што молњите се непредвидливи, па тешко е да се фатат во кадар. Целта на Тим за откривање на начинот на кој се формира молњата сеуште не е остварена, но затоа камерата на National Geographic забележа прекрасни моменти на настанување на молњите во Оклахома (САД).

Можете да погледнете за што се работи во следното видео:

Пронајдете не на следниве мрежи: