8 грешки што не ви дозволуваат побрзо да ги согорите масните наслаги

Без разлика што правите и колку напорно вежбате, изгледа како да не можете да се ослободите од тврдоглавите масни наслаги. Ако се согласувате со ова, не сте единствени. Милиони луѓе се обидуваат да ослабат, но без успех. Верувале или не, дури 600 милиони возрасни и 100 милиони деца во светот се дебели. Во продолжение погледнете кои се најчестите грешки што ве спречуваат да го добиете вашето тело од соништата.
1. Сите калории ги третирате еднакво

Не се сите калории исти. Не е исто да изедете 100 калории од зеленчук и 100 калории од сладолед, тие ќе имаат различен ефект на телото. Ако сакате да слабеете, важно е да земете предвид колку инсулин ослободува телото во зависност од видот на калории што ги внесувате. Кога телото ослободува премногу инсулин во текот на денот, не само што го спречува слабеењето, туку го тера телото да ја складира енергијата како масно ткиво. Видовите калории што најмногу го зголемуваат нивото на инсулин се оние од јаглехидратите во форма на едноставен шеќер. Па ако сакате да јадете јаглехидрати, држете се до оние здравите и до храна што се вари побавно. Заедно со јаглехидратите, и протеините можат да го зголемат нивото на инсулин, особено оние од млечните производи.
2. Не се фокусирате на вистинската телесна маса


Ако го намалувате бројот калории и правите кардио вежби, а тврдоглавото сало сè уште е во вас, можеби е време да се фокусирате на вистинската телесна маса, односно тежината на телото без масните наслаги. Зголемувањето на оваа маса го буди вашиот метаболизам. Исто така, има влијание на разни хормони во телото како инсулин, лептин и грелин. Овие хормони комуницираат со вашите клетки и му кажуваат дали е време да го складираат салото или да се ослободат од него.
3. Верувате дека јадењето повеќе помали оброци ќе ви помогне во слабеењето


Постои начин на исхрана познат како постење кој е одличен за согорување масни наслаги. Постењето повеќе го намалува нивото на инсулин за разлика од другите диети. Тоа го тера телото да ја користи енергијата од клетките, вклучувајќи ги и оние на масните наслаги. Наместо да имате неколку оброци од 400 калории во текот на денот, подобро е да имате еден оброк од 1.600 калории на крајот од денот.
4. Верувате дека вежбањето кардио е единствениот начин да се ослободите од масните наслаги


Бидејќи кардио вежбите не се интересни колку другите, луѓето сметаат дека тоа е единствениот начин за слабеење. Но бидејќи може да биде навистина здодевно, повеќето луѓе целосно се откажуваат. Добрите вести се дека постојат други начини да ги согорите масните наслаги без да минувате часови на лентата за трчање. Најдобриот начин да ги почувствувате ефектите на кардио вежбите е да ги комбинирате со вежби со тежина. Вашиот тренер може да ви помогне да направите програма за вежбање дизајнирана само за вашите потреби.

5. Им верувате на рекламите за магичните апчиња за слабеење
До слабеењето нема пократок пат. Додатоците во исхраната за согорување масти само ќе го забрзаат пулсот на срцето, и тоа до нездраво ниво. Најдобро е да се држите настрана од овие продукти и да водите здрав живот.
6. Не спиете доволно
Недостатокот од спиење ја нарушува рамнотежата на хормоните во телото, а ова има влијание на чувството на глад следниот ден. Двата хормони што влијаат на апетитот се грелин, што го предизвикува чувството на глад, и лептин, што прави да се чувствувате сити. Кога не спиете доволно нивото на грелин се зголемува, додека нивото на лептин се намалува. Ова предизвикува глад и прејадување. Најдобро е да се обидете да си легнувате порано и да спиете 7-8 часа секоја вечер.
7. Под стрес сте
Стресот може да предизвика вистински хаос во телото. Тој го поттикнува лачењето на хормонот кортизол кој ја зголемува желбата за шеќер. Кога нивото на кортизол е повисоко подолг период, се зголемува количеството сало што се складира во стомакот.
8. Премногу се обидувате
На телото му е потребна здрава рамнотежа од вежбање и одмор. Претераното вежбање го спречува телото да се ослободи од вишокот масни наслаги. Вежбањето без правилен одмор има влијание на нивото на кортизол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.