8 закони поради кои Јапонците се едни од најслабите жители на светот

Постои посебен систем на исхрана кој го препорачува Владата на Јапонија, а тој систем активно се користи ширум земјата. Тој систем е развиен од 2000 година од страна на неколку Министерства и е познат по името “Јапонски водич за исхрана која се врти”.
1. Доминација на јаглени хидрати со мали количини масти
Главната карактеристика е доминација на јаглени хидрати со малку масти. Исто така се препорачува намалено консумирање на сол, преработена храна, благо и пијалаци кои содржат многу шеќер.
2. Одреден број порции
Сите производи се поделени во неколку групи – секоја од нив има одреден број порции дневно. Основната исхрана се житарки, а потоа обработен зеленчук, месо и специјалитети со риба. Се препорачуваат и две порции овошје и млечни производи на ден.
3. Јапонците уживаат во оброците
Не само што е важно што јадеме, туку и како јадеме. Традиционално, Јапонците уживаат во оброците, а се препорачува да пронајдат оптимален ритам за Вашето тело.
4. Локални и сезонски производи


Исхраната се фокусира на локални и сезонски производи како ориз или риба со ретки исклучителни меѓународни јадења.
5. Секој оброк мора да биде избалансиран
Секој оброк треба да содржи производи од неколку групи храна. На пример, типичен училиштен ручек во Јапонија се состои од ориз, месо, риба, супа, чаша млеко и овошје.
6. Одговорен став кон исхраната


Одговорен став кон исхраната се формира од основно училиште. Ручекот не е пауза, туку составен дел од образованието. За време на ручекот никој не ги брза децата, а после завршувањето на ручекот, децата сами ја чистат масата.
7. Рамнотежа помеѓу количината на храна и потрошени калории
Важно е да се има умерени оброци, како и да се одржува рамнотежа помеѓу количината на храна и потрошените калории. Тоа се постигнува со различни физички активности.
8. Фокусот е секогаш на свежите производи
Подготвувањето на готови јадења и готвење од претходно не е нешто што се смета за здраво во Јапонија. Фокусот е секогаш упатен кон свежите производи.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.