8 нови начини на кои омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домот

Заштита од комарци, чистење на загорената тава, справување со неуредната коса на Барби и омекнување на острите влакна на новиот тепих – во сите овие нешта може да ви помогне омекнувачот на ткаенина!
Сите ние сакаме да купуваме едноставни производи и да ги користиме за повеќе намени. Затоа, пронајдовме неколку домаќински трикови во кои се користи омекнувачот на ткаенина кои може да се користат за решавање на разни проблеми во вашиот дом.
1. Чистење садови кои загореле при подготовката на храна


Загорените тави е скоро невозможно да се измијат без употреба на специјални хемикалии. Некои луѓе предлагаат едноставно решение: во тавата ставете омекнувач растворен во топла вода, оставете да отстои преку ноќ и наутро миењето ќе биде многу полесно.
2. Чистење дрвен мебел


Омекнувачот на ткаенини може да се користи и за чистење на дрвени површини. На тој начин нежно ќе се отстрани нечистотијата без да се оштети мебелот, бидејќи омекнувачот не содржи јаки хемикалии. Како бонус, ќе остави и свеж мирис во собата.
3. Лесно отстранување на налепници


Лепилото што ја врзува налепницата со стаклото е наменето да трае долго, така што секогаш е предизвик да се ослободите од нив. Омекнувачот на ткаенини, разреден 50/50 со вода може да помогне да се ослободите од старите налепници на прозорците на автомобилот и другите стаклени површини.
4. Отстранување на дамките од вода во бањата


Не можете да се ослободите од овие досадни бели дамки во бањата само со употреба на вода, па обично додавате и хемикалии. Но, и омекнувачот може да помогне! Додадете ½ чаша омекнувач во ½ чаша топла вода и нанесете го со спреј на површините кои сакате да ги исчистите. Исчистете со сунѓер и оставете да се исуши, дамките би требало веднаш да исчезнат.
5. Освежување на завесите


Доколку користите освежувачи за воздух, но не сакате да трошите премногу пари за нив, направете си сами! Додадете малку омекнувач и ½ лажица сода бикарбона измешана со вода во шише со распрскувач и освежете ги завесите, постелнината и тапацираниот мебел кога сакате.
6. Отплеткување на косата на куклите


Ако ви се чини дека Барби имала „експлозија“ на главата, тоа не е причина да ја фрлате! Домаќинките препорачуваат да ја натопите косата на куклата во раствор од вода и омекнувач на ткаенина во сооднос 50/50 и да ја оставете неколку минути. Потоа измијте ја со вода и расчешлајте.
7. Направете новиот тепих да биде помек


Теписите се направени од истите влакна како и облеката, така што нанесувањето на омекнувач врз влакната од новиот тепих може да биде одлична идеја. Измешајте топла вода и омекнувач, нанесете од течноста на тепихот, оставете неколку минути да делува и поминете ја површината со чистач на пареа. Важно е добро да ги исчистите трагите од омекнувачот, особено ако имате мали деца или животни.
8. Самите направете спреј за заштита од комарци


Омекнувачот на ткаенина може да ви помогне да се заштитите од комарци. Мешавината од омекнувач, сода бикарбона и вода за заштита од комарци нема да ви предизвика кашлица, во споредба со спрејот купен од продавница, а ќе остави свеж и чист мирис.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.