8 работи кои нутриционистите никогаш не би ги јаделе: Ако мислевте на чипс, бисквити, леб и сокови – се лажете!

Сите знаат дека чипсот, бисквитите, белиот леб и слатките сокови не се најпосакуваните намирници во исхраната, но постои храна за која мислиме дека е добра за нас, а всушност не е.
Имено, нутриционистите откриваат дека луѓето имаат погрешна визија за здрава храна, во која никако не спаѓаат следните 8 намирници.
Овошен јогурт


Хранливите млечни производи по дефиниција не би требало да бидат благи. Иако јогуртот е добра храна за телото, оној со дополнителен шеќер или овошје – не е добар. Тој може да биде десерт, но и тоа би требало да биде ретко. Всушност, овошните јогурти и сличните на нив, треба да ги доживувате како повремени благи, како чоколадите.
Нутриционистите истакнуваат дека е потребно да ги читате декларациите и да ги избегнувате млечните производи кои содржат засладувачи и скроб и подобро е сами да направите овошен јогурт со свежо овошје, зачини, екстракт од ванила и природен јогурт.
Ориз


Од нутриционистичка страна, белиот ориз е помалку корисен во нашата исхрана од белиот леб. Тој содржи огромни количини јаглени хидрати кои дебелеат. Ако сакате ориз, подобро е да јадете интегрален или црвен и не треба да го консумирате повеќе од еднаш во две недели.
Магдонос


Иако магдоносот како зачин сам по себе е здрав, тој во јадењата може да биде штетен, бидејќи може да емитува нитрати и буквално да се претвори во отров после 30 минути. Тоа се случува ако ставите свеж магдонос во салата, мајонез или павлака и така стои пред послужување. Поради тоа нутриционистите советуваат магдоносот да го ставате непосредно пред јадење, бидејќи така и понатаму ќе ги содржи сите корисни нутриенти.
Готови сосови
Дали сте забележале дека домашните сосови имаат поинаков вкус од оние кои ги купувате? Тајната е во засилување на вкусот, но и огромната количина на шеќери во нив. Се разбира дека на произведувачите им е поевтино да додадат шеќер во сос, отколку вистински домат, па затоа тоа ги претвора во нутритивно ѓубре. За да го збогатите вкусот, подобро додадете маслинки, маслиново масло, мед, сенф, бел лук, бибер и слични зачини.
Сушено овојше и чипс
Чипсот од овошје станува сè попопуларен – како некоја здрава алтернатива, но тоа баш и не е вистина, велат нутриционистите. Имено, овошниот чипс се произведува со иста постапка како и оној класичниот од компир – се пржи во масло. И, не само тоа, чипсот од овошје може да содржи еднаков број калории како и обичниот. За жал, бидејќи поминува низ процес за произведување, овошјето губи сè што има здраво во себе. Слично е и со сушеното овошје на кое со разните постапки му се продолжува векот на траење. Особено треба да го избегнувате сушеното овошје со посветла боја или она мекото, бидејќи тоа значи дека е хемиски обработувано.
Грозје
Иако звучи чудно, грозјето не е нутриционистички најдобрата намирница. Имено, со оглед на тоа дека е многу благо, нè тера да изедеме многу, со што во телото одеднаш се внесува огромна количина на овошен шеќер, кој и понатаму е шеќер. Поради тоа грозјето е добро да го комбинирате со други намирници и да го јадете во умерени количини.
Погрешно подготвена риба


Рибата како храна е целосно ослободена од штетните маснотии, а богата е со оние здравите како Омега 3 масни киселини. Сепак, научните студии покажале дека подготовката на риба значајно влијае на нејзината нутритивност.
Колачиња од ориз
Иако често се препорачуваат за време на диета бидејќи не содржат речиси никакви маснотии и можат да се јадат наместо леб, колачињата всушност имаат изразено висок гликемиски индекс. Тоа значи дека откако ќе ги изедеме, ќе чувствуваме повеќе глад од претходно, поради што на крајот внесуваме повеќе калории отколку кога воопшто не ги консумираме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.