Многу луѓе прифаќаат дека фактот што не се чувствуваат добро е дел од животот и стареењето. Но, тоа воопшто не е така. Многу од симптомите што ги чувствувате секојдневно може да се елиминираат со едноставна детоксификација на организмот.
Дали некогаш сте забележале дека имате необјаснети егземи, главоболки, ПМС или болка во одредени делови на телото? Верувале или не, овие состојби се под големо влијание на нерамнотежата на цревата која може да влијае на целиот систем. Константниот замор, пак, често се решава со воведување на правилна исхрана.
Кои се знаците дека итно ви е потребна детоксификација?
Не можете да заспиете
Многу од работите што ги јадеме и пиеме во голема мера влијаат на сонот. Пијалоците како алкохол или кофеин и храна на која би можеле да бидете чувствителни може да го нарушат циклусот на спиење. Детоксификацијата е често најдобар начин да ги разберете овие проблеми.
Чувствувате магливост во умот или слаба концентрација
Алергиите на храна може да се манифестираат на чудни начини. Магливоста во умот може да биде предизвикана од чувствителност на глутен, прекумерен внес на алкохол, кофеин и рафинирани јаглехидрати.
Сфаќате дека имате лош здив
Здивот што мириса чест симптом на нерамнотежа помеѓу добрите и лошите бактерии во стомакот. Откривањето на она што се случува во стомакот е првиот чекор за враќање во баланс.
Имате акни и темни кругови околу очите
Вие сте она што го јадете (и она што вашето тело го апсорбира), па затоа исхраната со преработена храна, млечни производи, шеќер (што често предизвикува акни) и храната на која сте чувствителни, може да ја направи вашата кожа проблематична.
Вашиот ПМС е вон од контрола
Шеќерот, брашното и преработената храна може да ги влошат симптомите на ПМС: Ако решите да спроведете детоксификација, сигурно ќе ги доведете во ред и хормоните.
Се чувствувате многу врзани за одредени видови на храна, како што се кафе, вино, сирење или чоколада
Отстранувањето на храната што ја сакате за одреден временски период, додека вистински го негувате телото со чиста и здрава исхрана, може да ја победи зависноста.
Лесно избувнувате и постојано сте уморни
Краткиот фитил и недостигот на енергија би можеле да бидат поврзани со храната што ја јадете, па дури и времето на вашите оброци. Ако го оптоварувате вашето тело со преработена храна спорадично во текот на денот, сигурно не сте пријатно друштво за семејството и пријателите.
Ви се закачува секоја мала настинка
Бидејќи приближно 70 проценти од вашиот имунолошки систем се наоѓа во стомакот, осигурувајќи дека тој е во врвна форма, најверојатно ќе се намали бројот на настинки, пандемии и инфекции што ќе ги фатите.
Детоксификацијата може да ви помогне да ги ресетирате, да ги победите нездравите желби и да почнете да копнеете работи кои навистина го потхрануваат вашето тело. Добра детоксикација ќе ја елиминира храната и пијалоците кои го преоптоваруваат вашиот систем и да обезбедите хранливи материи кои ги активираат органите за детоксификација.
Ќе му дадете одмор на вашиот дигестивен систем, дозволувајќи му на вашето тело поефикасно да се ослободи од метаболичките токсини и оние акумулирани од изложеноста на животната средина и преработената храна и пијалаци.