8 диети со чија помош ослабеле славните личности

Доколку мислите дека само вие се мачите околу килограмите, замислете како им е на познатите, чии кариери зависат  од физичкиот изглед. Многу славни ги открија своите трикови, како ја одржуваат својата линија. Ова се нивните тајни, но веројатно постои и листа на тренери, масери и јога инструктори кои им овозможуваат да изгледаат  совршено. Пред да посегнете по рецептата, посоветувајте се со вашиот доктор, можеби не сте ја одбрале вистинската диета за вас.1.Риз Видерспун

Риз Видерспун ослабела држејќи диета која е базира на јадење храна за бебиња. Оние кои ја држат оваа диета можат да изедат и до 14 порции храна за бебиња дневно, а покрај тоа и обилна вечера.
2.Ким Кардашиан

Ким се придружила на диетата за замена на оброци. Оваа диета се базира на замана на еден оброк со шејк или здрава штангла од житарици за да се намали внесот на калории.

3.Гвинет Палтроу

На Гвинет и помогнала алкалната диета. Таа престанала да внесува намирници кои создаваат киселини, како што се кафето, шеќерот, преработени јаглехидрати и млечни производи. Оние кои ја држат алкалната диета главно јадат зеленчук и псевдожитарици, како што е киноа.
4.Бијонсе

Бијонсе држела диета за прочистување на организмот. Оваа детоксикација на телото трае десет дена, а во тој период оние кои ја држат оваа диета пијат само вода, јадат пиперки, лимон, пијат чаеви од билки и јаворов сируп.

5.Бред Пит

Оваа диетаима план на исхрана 40:30:30. Овој однос подразбира калории од јаглени хидрати, протеини и масти, по тој ред.
6.Мадона

Мадона држи макробиотичка диета. Таа се базира на исхрана во која преовладуваат билки, главно житарици. Освен тоа, се внесува мало количество на масти.

7.Деми Мур

Деми ја одржува килажата јадејќи само сирова храна. Се што јадете мора да биде „живо“ и смее да се загрее најмногу на 40 степени. Најмногу се внесува зеленчук, овошје, семки и костенливо овошје.
8.Кетрин Зета-Џонс

Аткинсовота диета промовира исхрана која содржи мало количество јаглени хидрати. Најмногу се внесуваат протеини за енергија и зеленчук.1.Риз Видерспун

Пронајдете не на следниве мрежи: