8 митови за вагината во кои ВЕДАШ треба да престанете да верувате!

Мислите дека вагините се грди, лигави и никогаш не се менуваат? Епа размислете уште еднаш.Ако сте жена вие сигурно имате една. Но колку навистина имате познавања за вашата вагина? Еве што велат експертите:
Мит: Се „таму доле“ е вагина
Реалност: Надворешниот дел од женскиот полов орган е всушност вулва. Вагината има цевчеста форма и се протега од хименот до грлото на матката. Вулвата од друга страна опфаќа се што е надворешно: усните, клиторисот, вагиналниот отвор…
Докторката Ванеса објаснува дека вагината сама по себе е направена од мускули и е еластичка се протега од вулвата до грлото на матката.
Мит: Вагината не се менува низ годините
Реалност: Вагината се менува со текот на годините на жената поради хормоните.  Пред пубертетот вагините се многу мали, а во текот на пубертетот истата се менува како резултат на хормоните. А откако ќе ја загуби способноста да произведува естроген- способноста на вагината како и нејзината еластичност се намалува а тоа доведува и до болка за време на секс.
Мит: Вагината е грда
Реалноста: Тоа воопшто не е така. Не само што не се грди туку и се далеку од една големина. Односно имаат многу различни форми, бои и големини. Воопшто не е точно да се верува дека сите имаме исти полови органи, затоа што сите се различни на свој начин.
Мит: Вагината е валкана
Реалност: Ова не може да биде подалеку од вистината. Вагините само се чистат( како очите)- она што е вагинален исцедок е исто што се и солзите за окото. Сите се во заблуда ако мислат дека вагината е валкана. А тоа што жените мислат дека вагината треба да се чисти со сапун или слични производи прават поголема штета отколку добрина. На тој начин ја уништуваат вагината и ја прават подложна на бактериски инфекции.

 

Мит: Вагината смрди!
Реалност: Секоја жена има свој мирис. А пак вагиналниот мирис може да се промени во текот на менструалниот циклус. А дури и да има вагинален мирис во никој случај ниту вие ниту пак партерот ќе го почувствува. Токму затоа во никој случај доле не ставајте парфеми. А ако пак се уште мислите дека вагината навистина има лош мирис треба да проверите можеби истиот доаѓа од вулвата. Може само во тој случај да употребите антибактериски сапун. Ако не помогне посетете лекар.
Мит: Вагините остануваат во еден фиксен облик
Реалност: Затоа што е орган може да го промени обликот во зависност од условите и состојбата. Па така вината може да се обликува за време на секс. Како и пенисите така и вагините се разликуваат во големината.
А најчесто големината зависи од гените, без разлика дали сте пред пубертет, во пубертет или за менопаузата. А ако одредена жена не може да вметне тампон тогаш навистина има причина за грижа, освен ако никогаш не сте биле сексуално активни.
Мит: Ништо не треба да излегува од неа
Реалност: Не само што има менструални течности кои излегуваат сосема е нормално и да има друго празнење. Важно е да се запомни дека вагината не  е како тапа. И не се лажете дека вагиналниот исцедок не е здрав. Може да бидете загрижени ако истиот е придружен со иритација, како и чудна боја. Но сосема е нормално да варира во зависност од хормоналниот статус.
Мит: Тие треба да бидат без влакна, со влакна- или не знам како!
Реалност: Срамните влакна почнуваат да се појавуваат во пубертетот. И сосема е нормално да ги има. Секако истите се разликуваат од личност до личност. Некои жени имаат повеќе некои помалку. А што ќе правите со истите тоа е лична одлука. Но како и да е треба да бидете многу внимателни кога ги отстранувате влакната од вулвата.
 Ако сте жена вие сигурно имате една. Но колку навистина имате познавања за вашата вагина? Еве што велат експертите:
Мит: Се „

Пронајдете не на следниве мрежи: