Откријте зошто не е до вас, туку до него и како можете да помогнете!
1. Машка менопауза
Звучи чудно, но многу експерти за здравјето тврдат дека тоа што менопаузата е за жените, андропауза е за мажите. Добра вест за момците: Не е моментално и наеднаш како што жените ги доживуваат промените во телото. Како што мажите стареат, нормално за нив е да доживеат намалување на сексуалниот нагон. Што да се направи? Не земајте си го ова при срце. Причината е биолошка, а не дека не го привлекувате. Зборувајте со него за вашите и неговите сексуални потреби, наместо да ставите крај на вашата врска.
2. Порнографија
Порното може да ја развие страста во врската или пак да ја расипе врската. Повеќето експерти трвдат дека ако мажот стане зависен од порнографија тоа може многу лошо да влијае на врската. Истражувањата покажуваат дека порното создава нереални очекувања за тоа каков треба да биде сексот и тоа ги прави мажите незадоволни од своите партнери. Доколку се сомневате дека вашиот партнер сексуално се задоволува со порнографија наместо со вас тогаш треба да обратите внимание на тој инстинкт и да го доразвивате. Запрашајте се колку време поминува пред компјутер, дали сеуште физички го привлекувате. Зависноста од порнографијата е проблем кој тешко може да се реши, но секогаш има начин да се проба. Мажот треба да се соочи со проблемот и да постави граници за да не попушти повторно и да стане зависен.
3. Ниско ниво на тестостерон
Како да знаете дека мажот има ниско ниво на тестостерон? Симптомите се: немање енергија, нерасположение, омалаксаност, губење на мускулна маса. 97% од мажите кои имаат ниско ниво на тестостерон, негативно влијаат на сексуалниот живот. За среќа оваа состојба е излечлива.
4. Недостаток од бакнежи и прегратки од вашастрана
Дали го бакнувате партнерот за добро утро? Дали го прегрнувате пред да замине на работа? Причината за еговата незаинтересираност за секс може да биде пнедоволното внимание и љубов. Чувството на непосакуваност може многу да наштети на врската. Што можете да направите? Спонтана прегратка, бакнеж, масажа.
5. Недијагностицирана здравствена состојба
Намалување на сексуалниот нагон не се однесува само на проблеми во спалната соба. Пенисот може да се смета како барометар на целокупното здравје на мажите и ако има проблеми во таа област може да претставува симптом за посериозни болести како дијабетис, рак на простатата или болест на срцето.
6. Алергии
Кивање, кашлање, чешање.. Алергиите воопшто не се секси. Ново истражување потврдува дека неговото кивање може да си поигрува со вашиот сексуален живот. 83% од луѓето со алергии имаат проблеми со сексот. Причината е едноставна: Течењето на носот и насолзените очи не помагаат во создавање на атмосфера. Ако неговите алергии се влошуваат, помошта од доктор ќе му помогне на нему а и на вашиот сексуален живот.
7. Економијата
„Не вечерва љубов, морам да работам.“. Дали неговите грижи за вашата финансиска состојба се причината поради која немате секс? Нормално дека не можете да го отстраните изворот на стресот, но може да го охрабрите да направи мали промени кои ќе му го подобрат здравјето. Вежбите им помагаат на луѓето да се чувствуваат подобро и ја зголемува самодовербата.
8. Прекумерена маструбација
Маструбацијата е незгодна тема за дискусија со вашиот партнер. Но, ако многу маструбира тоа значи дека не е доволно заинтересиран да има секс со вас. Што да се направи? Разговарајте со него!