8 причини зошто вечерва треба порано да си легнете

Loading...

Легнете навреме и станете кога ќе се наспиете. Многумина не би сакале да пропуштат ништо, но на вашиот мозок му е потребен одмор.Еве осум здравствени причини зошто вечерва треба да си легнете порано
1.Вашиот имун систем ќе биде посилен
Бројни истражувања покажуваат дека нашиот имун систем е силен само доколку имаме адекватен сон. Некои истражувања покажале дека  ненаспаните  луѓе   имаат слаби одговори на делотворноста на вакцините за грип или хепатитис.
2.Ќе ја подобрите меморијата
Во потполност е докажано дека личностите кои имаат добар сон, имаат и многу подобра меморија. За време на едно истражување, испитаниците кои имале добар сон запамтиле повеќе нови работи од оние кои не се наспале доволно.
3. Ќе почувствувате поголемо задоволство
Кај хронично ненаспаните личности поголема е  зачестеноста на анксиозноста и депресијата.  Недоволно сон влиае  лошо на целокупната работа на огранизмот.
4. Ќе ви биде појасно во главата
Нашиот мозок за време на сонот извршува неколку регенеративни процеси. Кога спиеме, неговиот процес е посилен за 10 пати, па многу е важно да легнеме на време.

5.Регенерирате одредени ткива во организмот
За време на спиењето, нашиот организам лачи поголемо ниво на хормон  за раст. Кај децата ова е тесно поврзано со растот. Кај возрасните, сонот е важен за репродукција на одредени ткива. Доколку тренирате или се занимавате  со спорт, за вас е ова многу важно. Во текот на ноќта  мускулно- коскениот  систем се опоравува од тешкиот физички напор. Затоа наспијте се!
6. Губите на тежина
Доколку навистина сакате да изгубите на тежина, спијте од седум до осум часот. Недоволно сон доведува до појачување на хормонот грелин – задолжен за апетит.
7.Ќе го стабилизирате нивото на шеќерот во крвта
Познато е дека личностите кои боледуваат од дијабетес спијат недоволно. Тоа е затоа што нивото на инсулин е висок и не овозможува сон.  Американското здружение на дијабетичари нагласило дека сонот е важен  за превенција и лечење на дијабетесот.
8.Можете да живеете подолго
Различни студии покажале дека личностите кои спијат  доволно имаат подолг животен век. Нанаспаните  луѓе  во поголема мера се изложени на срцев напад, мозочен удар и други болести.Еве осум здравствени причини зошто вечерва треба да си легнете порано
1.Вашиот имун систем ќе биде посилен
Бројни

loading...
Loading...