8 трикови со кои високите потпетици ќе ги носите без болки во стапалата

Како да ги носат потпетиците а притоа да не почувствуваат болка и неудобност е едно од основните женски прашања кога станува збор за модата.
 Велат дека жената за убавина и елеганција мора да ги стисне забите и да трпи. Но, немора секогаш да биде така. Ви претставуваме 8 едноставни совети како одот на високи потпетици да си го направите полесен, поудобен и поубав.
1. Добро проверете дали ви одговара големината на чевлите
Кога купувате чевли погрижете се да ја одбберете вистинската големина, бидејќи тоа најчесто го грешат жените кога купуваат чевли.
Освен тоа доколку сте склони кон отоци на нозете, не е исто да ги купите или да ги облечете наутро додека нозете ви се одморени или попладне кога ќе ви отечат.
2. Прилагодете ги чевлите на вашиот тип на стапала
Важно е да знаете каков тип на стапала имате и според тоа да ги одберете чевлите. Ни малку не е чудно ако ве болат нозете а имате рамно стапало.
Оние кои имаат рамни стапала секогаш имаат проблем со високите потпетици, затоа се препорачува да одберете анатомски прилагодени чевли, или пак да одберете чевли кои нема да имаат превисока потетица.
3. Одберете дебела и стабилна пета
Ако сакате безбеден од на високи потпетици одберете што подебели пети, отколку оние вртоглаво тенките  високи во кои ногата е ви е стабилна. Та особено се однесува на оние жени кои секојдневно се во високи потпетици.
Доколку не можете да ги земете, понесете си со себе еден резервен пар поудобни чевли кои ќе ги промените штом ви се укаже прилика за тоа.

 

4. Избегнувајте тенки потпетици
Тенките потпетици се уште еден непријател на удобноста кога станува збор за високи пети. Затоа одберете чевли со малку подебела потпетица (или со умерена платформа) за да не ве пецкаат и болат стапалата по неколку часовно носење.
5. Одморете ги нозете од високите потпетици
Во текот на денот би требало малку да ги одморите нозете од одот на високи потпетици. Затоа, штом ви се пружи прилика, истегнете ги малку прстите на нозете и глуждовите. Вашите нозе ќе ви кажат – благодарам.
6. Размрдајте и измасирајте ги стапалата
Кога ќе ги истегнете стапалата и глуждовите со помош  на прстите надолу а потоа и нагоре веднаш ќе ви биде подобро.
Би било добро после напорниот работен ден кој сте го поминале на високи потпетици, да си ги измасирате стапалата, или да го замолите вашиот партнер тоа да го направи за вас.

 

7. Носете чевли кои ви ги зацврстуваат зглобовите
Колку повеќе ви е стабилна ногата во чевлите, тоа е подобро за вас. Затоа со чизмите со високи потпетици нозете никогаш нема да ве заболат дури и ако цел ден стоите на нив. Но чизми можете да носите само во зима, затоа за во лето, земете си сандали со ремчиња кои ќе ви ги зацврстат глуждовите.
8. Спасоносни силиконски перничиња
Силиконските перничиња за чевли со високи потпетици честопати можат да ве спасат. Направени од силиконски гел, се ставаат во предниот дел на чевлата за ногата да не може да се лизга нанапред, а на тој начин ќе ја избегнете болката во табаните и настанувањето на плускавците.Велат дека жената за убавина и елеганција мора да ги стисне забите и да трпи. Но, немора секогаш да биде така. Ви претставуваме 8 едноставни совети

Пронајдете не на следниве мрежи: